Потона штотуку реставриран брод од 19 век
Штотуку реставриран дрвен брод од 19 век потона откако се судри со брод контејнер во близина на Хамбург, Германија.
Шест возрасни и две деца се повредени кога бродот со назив „Elbe No 5“, изграден во 1883 година, се судри со друг брод со знаме на Кипар наречен „Astrosprinter“, на реката Елба.
Сите 43 патници се спасени благодарение на брзата реакција на пет спасувачки бродови кои биле во близина на местото на несреќата.
„Ако бевме подалеку, ќе имаше повеќе жртви“, вели еден од спасувачите.
Но, тие не можеле да го спречат потонувањето на бродот додека го влечеле кон брегот.
Бродот долг 37 метри, бил најголема атракција за туристите во градот како единствен примерок на дрвен брод од тоа време.
Во 1920 година бродот бил продаден во САД на авантуристот Ваврик Томпкинс и неговото семејство и привремено се користел за пловење. Во 2002 година бродот се вратил дома и се изнајмувал за екскурзии.
Во последните девет месеци бродот бил реставриран со ново дрво, а реставрацијата чинела 1,5 милиони евра. Се користел за тури во пристаништето во Хамбург.
Волвганг Бенц која работел на реставрација на бродот, за радиото NDR вели дека тој и колегите ја согледале штетата на бродот од она што можело да се види при неговото потонување и не можеле да спијат цела ноќ.
Според него, бродот ќе може повторно да плови.