Потона брод со 100 мигранти во близина на Либија


Лекари без граници соопштија денеска дека стравуваат дека брод со повеќе од 100 мигранти потонал во близина на брегот на Либија.

„Имаме многу причини да стравуваме дека се случило најлошото и дека се изгубени повеќе од сто животи“, соопштија од организацијата на Твитер.

Либиската крајбрежна стража се уште не соопшти за инцидентот.

Брод со 250 луѓе, претежно од Еритреја, потона минатиот месец источно од Триполи – 134 од нив се спасени, додека 115 се сметаа за исчезнати.