Португалски град им забрани на туристите да се шетаат во костими за капење. Казните се до 1.500 евра
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/albufeira-grad-vo-portugalija.jpg)
На туристите во популарниот португалски град Албуфеира наскоро би можело да им биде забрането да шетаат низ градот во костим за капење, или ќе се соочат со високи казни.
Крајбрежен град во јужниот регион Алгарве, популарна дестинација за британските туристи, го промени кодексот на однесување, експлицитно забранувајќи им на луѓето делумна или целосна голотија на јавни места. Според новите планови, секој што носи костим за капење или оди без маица подалеку од плажата може да биде казнет до 1.500 евра.
Албуфеира се приклучува на релативно долгата листа на европски градови со слични закони, вклучувајќи ги Барселона, Дубровник и Ница, пишува Би-Би-Си. Имено, одлуката за забрана за одење во костими за капење и без облека дубровчани ја донеле пред осум години, кога стана можно да се казнуваат туристите кои се несоодветно облечени на јавни површини во историското јадро на Дубровник.
Минатата година осум Британци беа снимени како танцуваат целосно голи во бар среде бел ден на Руа да Уара, главната улица за забава во Албуфеира. Видеата станаа вирални, а португалската полиција успеа да ги идентификува туристите.
Инцидентот доведе до итен состанок на надлежните органи, при што градоначалникот Хозе Карлос Роло вети дека ќе се справи со „непослушното“ однесување на туристите.