Порше Панамера е најпосакуван автомобил во Македонија, еве кои се победниците во другите категории
Циклусот на гласање на овогодинешното Златно Тркало 2024, избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, заврши.
До вчера 31 март во 23:59 часот, по 14 дневно гласање, вкупно имавме 20.510 гласања во 5 категории, што покажува голем интерес, а и препознатливост на самиот избор.
Златно Тркало е целосно веб базиран избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, на кој глас даваат сите граѓани на Македонија кои имат пристап до интернет. Се гласа на сајтот www.zlatnotrkalo.mk по категории, за по еден фаворит. На листата се наоѓаат нови автомобили презентирани на нашиот пазар во последните 12 месеци, за кои импортерите изразиле интерес за учество.
Во функција на организатори и презентери на новитетите се порталите www.avtoplus.mk / www.carclub.mk / www.carbyvik.mk и јутуб каналот rpm.mk, заедно со партнерскиот www.biznisinfo.mk, кои со свои тестови, објави, постови и видеа на сите социјални мрежи, ги претставија кандидатите пред македонска публика.
Креатор на изборот е најстариот автомобилски медиум кај нас Авто Плус, кој оваа година одбележува 30 години непрекината работа.
Победници по категории:
– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39.90% од гласовите – Porsche Panamera
– Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 46.20% од гласовите – Audi Q8
– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 29.49% од гласовите – Mazda CX-60
– Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 47.53% од гласовите – Opel Corsa
– Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 31.22% од гласовите – Volkswagen ID.7