Поротата одлучува за подигање обвинение против Трамп


Окружниот државен обинител на Менхетен ја повика големата порота која треба да одлучи дали ќе биде покренато обвинение против поранешниот претседател на САД ДОналд Трамп, јави во вторникот вечерта Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица упатени во случајот.

„Поротата е неодамна свикана и ќе заседава неделно три дена следните шест месеци“, објави Вашингтон пост.

На заседанието ќе се расправа за повеќе работи, а не само за Трамп.