Порастот на температурата во Европа го погоди и Мон Блан


Шамони – Зголемувањето на температурата на воздухот во Европа влијае и на највисокиот врв во Европа, Мон Блан и неговата околина, зголемувајќи го ризикот од паѓање на карпи и формирање на нови пукнатини во глечерите и мразот, предупредија денеска членовите на спасувачките служби и алпинистите. 

Затоа властите апелираа до планинарите да го одложат искачувањето на оваа планина, која се протега долж француско-италијанската граница, бидејќи високите температури ги зголемија ризиците и опасностите за сите алпинисти, пренесува Ројтерс.

„Тополскиот бран ги зафаќа и високите планини, не е ограничен само на пониските предели. Поради ова на планините се јавуваат паѓања на карпи и пукнатини во мразот“, изјави Никола Зиклер, командант на спасувачката екипа на алпската полиција.

Австралиската алпинистка Меј Купер ги нарече условите на Мон Блан застрашувачки и додаде дека се променети и рутите, сезонскиот тајминг и временските услови.