Поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен во болница поради респираторни проблеми


Поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен (94) денеска бил примен во болница откако се пожалил на респираторни проблеми, изјави еден од неговите соработници, пренесоа британските медиуми.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ претходно соопшти дека Дестен, кој беше на чело на Франција од 1974 до 1981 година, се наоѓа на Одделот за интензивна нега.

Жискар Дестен ја предводеше модернизацијата на француското општество, дозволувајќи го разводот со заедничка согласност, легализирањето на абортусот и намалување на возраста за гласање од 21 на 18 години.