Поранешниот француски претседател Валери Жискар д`Естен повторно примен во болница
Поранешниот француски претседател, Валери Жискар д`Естен, вчера бил хоспитализиран во градот Тур, јави француската радиостаницата „France bleu“.
Овој 94-годишен политичар бил однесен во болницата во Тур од неговата резиденција во департманот Лоар е Шер, во западна Франција.
Засега не е позната причината за неговиот прием во болница.
Во текот на септември д’Естен беше хоспитализиран заради белодробна инфекција и тешкотии со дишењето, потсетуваат француските медиуми.
Жискар д’Естен е еден од највлијателните француски политичари. Бил директен учесник во ослободувањето на Париз за време на Втората светска војна, министер во владата на генерал Де Гол и претседател на земјата од 1974 до 1981 година.