Поранешен војник во Франција пука на полиција, го ловат со хеликоптери


 

На југот на Франција во регионот Дордоњ во тек е голема полициска операција за потрега во која се вклучени повеќе од 200 полицајци, како и екипи со полициски кучиња и хеликоптери, откако еден маж пукал на полициски офицери.

Неименуваниот маж има околу 30 години и од порано е познат на полицијата поради насислтво во семејството. Порано бил војник и вооружен е со висококалибарско оружје, пишува Би-би-си.

Локалната влада ги повика жителите да останат затворени.

„Во текот на ноќта заминал од куќата во која живее неговата поранешна партнерка. Таму се случил спор кој довел до интервенција на полицијата и тогаш осомничениот пукал кон полицајцитњ. Потоа побефнал во блиската шума“, вели градоначалникот на регионот Дордоњ, Фредерик Перисат за телевизијата БМФ.

Тој додава дека осомничениот се наоѓа во ридско шумско подрачје во круг од четири километри квадратни, а окружен е од полицијата.

Пукал во новит партнер на својата поранешна љубовница, па ја нападнал полицијата

Франсинфо јавува дека инцидентот започнал во саботата вечерта, кога мажот го нападнал новиот партнер на својата поранешна девојка. Наводно пукал во него. Поранешната партнерка и нејзините деца не се повредени и се под полициска заштита.

Откако полицајците стигнале на местото на настанот, тој пукал во нив и нивните автомобили, а потоа побгнал в шума. Полицајците не се повредени, но некоилу возила се оштетени.

Градоначакничката вели дека потрегата може да потраеЖ

Началничката на општината Лардин-Сент Лазаре, Франсин Бура вели дека осомничениот е пуштен од затвор и дека носи електрична белезица. Забрането ми е приближување до куќата на поранешната девојка.

„Верувам дека ситуацијата, за жал, може долго да потрае“, вели таа, затоа што осомничениот воопшто не комуницира и не е подготвен да се предаде.

Полицијата ги затвори патиштата околу градот и поставија барикади. Вооружениот напаѓач наводно пукал во хеликоптерите то го бараат, а бидејќи е вооружен со оружје со голем калибар, може да убие оддалеку.

Полицијата сета дека осомничениот сака тие да го убијат, иако засега го повикуваат да се предаде.