Поради загадувањето, Њи Делхи повторно ги затвори училиштата


Индискиот главен град Њу Делхи нареди од петок на неодредено да се затворат училиштата и факултетите поради загадувањето на воздухот откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти дека повторно ги отвориле, а ситуацијата не била подобрена.

Градските власти, минатата недека одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако беа затворени 15 дена поради загадениот воздух.

Врховниот суд денеска ја критикуваше таа одлука. Судот ја разгледува жалбата поради неспособноста на владата да го намали загадувањето на воздухот.

Забраната за градежни работи и влегување на камиони на дизел-погон и понатаму е на сила, рече градскиот министер за животна средина, Гопал Раи.

Тој ги повика граѓаните да користат јавен превоз.

Властите на Делхи, со таа цел, изнајмија 700 автобуси на гас.

Поради квалитетот на воздухот сѐ повеќе деца имаат проблеми со дишењето.