Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
 
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
 
Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме.