Поплава во кинески рудник, отсечени 21 рудар

Во рударско окно на 1.200 метри под земја поради ненадејна поплава останаа заробени 21 рудар, јави денеска новинската агенција Синхуа.
Поплавен е рудник за јаген во Хутуби во покраината Ченгџи, поради што на три места останаа заробени рудари.
Синхуа јави дека засега се спасени осум луѓе.
„Подземниот терен е многу сложен и го отежнува спасувањето“, рече Ма Син, директор за управување со вонредни ситуации.
Многу важна задача беше исушувањео на окното со три пумпи, јави Синхуа.
Спасувачките тимови се обидуваат да комуницираат со заробените рудари.