Помошта за секторот на туризмот ја чинеше Франција 26 милијарди евра
Здравствената криза го лиши Париз и неговиот регион од 15,5 милијарди евра прометот во 2020 година, објави регионалниот комитет за туризам на 29 март 2021 година. Според, Жан-Батист Лемоан државниот секретар за туризам помошта за секторот на туризмот ја чинеше француската држава 26 милијарди евра од почетокот на кризата „Ковид-19“, јави дописникот на МИА.
-Од почетокот на кризата поддршката достигна 26 милијарди евра распоредени на туристичките актери, од овие средства 11 милијарди заеми загарантирани од државата, 6 милијарди евра солидарни фондови и 6 милијарди евра за делумна активност, објасни министерот.
-Пролетните школски распусти, нема да бидат распусти како и другите: ние ќе продолжиме со овие мерки на помош за секторот, затоа што тоа е услов за зачувување на талентот, зачувување на вештини и можност да се релансираме кога ќе дојде време, објасни тој.
Додека туристичките професионалци „не можат да работат, нашата должност е да обезбедиме помош“, продолжи министерот.
Жан Батист Лемоан притоа потсети дека операторите на ски-лифтовите, кои останаа затворени од декември, „можат да ги достават своите досиеја од минатата недела за да бидат компензирани до 70 отсто од нивните фиксни трошоци“.