Покрај молбите стотици отидоа в црква во Грузија, пешачеа и по три часа

Стотици верници во Грузија, покрај забраните за движење и препораките на лекарите и властите да останат дома, отидоа на полноќната воскресна литургија.
Иако во црквите имаше многу помалку луѓе од вообичаено, многумина пешачеа и по три часа да стигнат до црквата и останаа тука до утрото, кога заврши полицискиот час, затоа што за оние без дозвола на улиците, предвидена е казна во висина од 1.000 долари.
Иако многу верници не го послушаа советот на лекарите и владата преносот на литургијата да го гледаат на малите екрани, голем дел заминаа в црква, заедно со свештениците, а голем дел од верниците носеа маски, пренесе Ројтерс.