Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи в четврток

Погребната служба на 59 починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи в чевтрток на градските гробишта.
Погребната церемонија ќе ја води поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан придружуван од неколку владици од Синодот.
„Црквата прави сѐ за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера од пред Брегалничката епархија во Соборниот храм во Штип.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека завршена е идентификацијата на починатите во Институтот за судска медицина, по што телата ќе им бидат предадени на семејствата. Градските гробишта деновиве се прошируваа на посебно место каде што ќе бидат погребани жртвите во катасрофалната несреќа.
Претходно, од општина Кочани соопштија дека на колегиумот што се одржал утринава, упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот.
Исто, упатена е препорака и да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“, соопшти Општина Кочани.
Во пожарот загинаа 59 млади луѓе.