Подгответе се за три дена метеж во сообраќајот во Скопје


Фото: Б. Грданоски
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.