Подгответе се за ковид пасоши


Пандемијата нѝ го промени секојдневието, а секако и патувањата. Сега, покрај стандардниот треба да се подготвиме за уште еден пасош, овој за корона.

Според „Вашингтон пост“, се работи за концепт кој од самите почетоци на пандемијата се спомнуваше како решение за нормализација на индустријата на патувања.

Концептот, овие денови, додека на пример Велика Британија премина на вакцинирање, забрзано станува стварност.

Според „Пост“, ковид-пасошот, првенствено е наменет за меѓународни патувања. Инаку, се работи за апликација.

Една од апликациите веќе е во пробна употреба, а друга е во финална фаза од развојот. Корисниците, тие апликации би ги користеле за верификување на резултатите од тестирањето и еден ден, како доказ за вакцинација.

Апликацијата која се тестира се вика CommonPass и од овој месец се тестира на некои летови меѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонконг. Програмата делува по пат на здравствената апликација на Епл, за IOS или пак CommonHealth на андроид, поврзан со 230 американски здравствени системи и функционира со скенирање на код кој ги содржи податоците за корисникот – како резултати од тестирање или потврда за вакцинација, како и плановите за патување.

Аплиакцијата, според моменталните реакции, им се допаѓа на Star Alliance, кој веќе повика на воспоставување глобален систем на верификација на тестирањата и вакцинациите. Бројни авио-компании размислуваат за вакцинирање како услов за патување во иднина.