Поделби во МАГА: Врвни лица од „Херитиџ“ ја напуштаат фондацијата да му се придружат на Мајк Пенс


 

Повеќе од десетина членови на персоналот во влијателниот конзервативен тинк-тенк Фондацијата „Херитиџ“ ја напуштаат организацијата за да се приклучат на група основана од поранешниот потпретседател Мајк Пенс.

Масовното заминување доаѓа по превирањата во „Херитиџ“ и поширокото конзервативно движење околу улогата на десничарските влијателни лица кои промовираат антисемитски и други екстремистички идеи. Овие тензии беа видливи во „Херитиџ“ откако неговиот претседател, Кевин Робертс, објави видео во кое го брани новинарот Такер Карлсон за благонаклоно интервју во октомври со Ник Фуентес, познат бел националист кој претходно го фалеше Адолф Хитлер. Видеото на Робертс предизвика контроверзии во „Херитиџ“, што подоцна го натера да се извини за тоа.

Тинк-тенкот на Пенс, „Унапредување на американската слобода“, или ААФ, ги објави вработувањата во понеделникот, велејќи дека меѓу нив се вклучени лидери од правните, економските и тимовите за податоци на Фондацијата „Херитиџ“.

Во соопштението, Пенс ги поздрави новите вработени и рече дека тие „носат богатство од искуство, љубов кон земјата и длабока посветеност на Уставот и конзервативното движење што ќе ја унапреди каузата за слобода“.

Ова е понижувачки пораз за директорот на „Херитиџ“, Робертс. Исто така, тоа е многу интересен успех за Пенс, кого многумина во САД го отпишаа и само претпоставуваа дека ќе биде неважен. Сега тој има конзервативен тинк-тенк во егзил.

Преку „Херитиџ“ може да се следи еволуцијата на конзервативизмот во Соединетите Држави во последните неколку децении.

Во 1980-те, организацијата беше срцето што пулсираше и интелектуалниот центар на конзервативното движење. Таа помогна во дефинирањето на „Регановата револуција“ и влијаеше врз републиканската политика на секое ниво.

Но, во последниве години, тоа се промени.

Една од најголемите трансформации што Доналд Трамп и МАГА му ги нанесоа на конзервативното движење е тоа што повеќе не станува збор за принципи или идеи; станува збор за култ на личноста и служење на личните импулси на еден човек. Фондацијата „Херитиџ“ го следеше тој пат, напуштајќи ги основните конзервативни вредности за да се усогласи со трампизмот.

Претседателот на ААФ, Тим Чепмен, за за националното радио НПР изјави дека откако дознал за интересот на вработените од „Херитиџ“ да ја напуштат организацијата, ААФ собрал 13 милиони долари за две недели од целните 15 милиони долари за две недели за да им помогне да г финансираат платите во следните три години.

Чепмен рече дека ААФ ќе промовира традиционални конзервативни идеи како што се ниско оданочување, силна национална одбрана и ограничена регулатива во време кога, според него, Републиканската партија и другите од десницата се во битка за дефинирање на иднината.

„Мислам дека она што се случува во моментов е дека движењето кое се ориентирало околу политички личности и специфични политички лидери почнува да сфаќа дека тие лидери нема да бидат тука засекогаш, без разлика дали станува збор за претседателот Трамп или други лидери“, рече Чепмен.

„Има датум на завршување на нивното лидерство… И затоа сега се појавува прашањето, што е тоа што движењето по таа лидерска структура, што е тоа што го претставува тоа движење по тоа?“

Главниот директор за развој на „Херитиџ“, Енди Оливастро, ги обвини некои од членовите на персоналот кои заминаа за „нелојалност“, додавајќи дека заминувањата „го отвораат патот за посилен, пофокусиран тим“.