Почнуваат празнични попусти во Ист гејт мол
Од вчера, и официјално започнаа празничните попусти со намалувања од -20% до -40%, во поголемиот дел од продавниците во Ист Гејт Мол, и тоа со водечките брендови од сегментот на модата (текстил и обувки), козметика, аксесоари, спортска гардероба и опрема. Секако по добриот шопинг, посетителите можат да продолжат на ручек или вечера во богатиот гастрономски дел.

Во недела (19.12.2021), се очекува настапот на Полифонија (детски хор) со почеток во 12:00 часот, а во 14:00 часот започнува ексклузивниот „Unveiling THE BMW iXMas Surprise“ настан во Ист Гејт Мол.
