Почна со работа новата фабрика на „Брејнчајлд“ за опрема за спортови на вода и ветер


Денеска во во битолската индустриска зона Жабени свечено беше отворена новата фабрика на „Брејнчајлд“ за производство на опрема за спортови на вода и ветер. Како што истакна истакна Ралф Гросел, сопственик на фабриката, овој погон ќе направи позитивна промена во животот на вработените, но и на економијата во целина. 

„Со отворањето на нашата фабрика ние бележиме уште една значајна пресвртница во нашата експанзија, да произведуваме опрема за спортови на ветер и вода во срцето на Европа. Тука, во Битола, почнавме еден од најиновативните капацитети за производство на крилја во светот користејќи најсовремени технологии. Поставуваме нови стандарди и овозможивме спортистите да постигнуваат светски резултати. Кога пред пет години во Битола го отворивме нашиот центар за истражување и развој, јас го препознав огромниот потенцијал на Македонија, земја која во последните години покажа импресивен развој. Овој напредок се должи на далековидата и посветена работа на Владата“, истакна Гросел на свеченоста во Битола.

Фабриката „Брејнчајлд“ има современа хала за работа, изградена на површина од 3.500 квадратни метри во индустриската зона Жабени во Битола. 

„Продолжуваме да поддржуваме инвестиции што ќе бидат додадена вредност во македонската економија“, истакна Мицкоски.

„Брејнчајлд“ е нова фабрика отворена од странски инвеститор со еколошки стандарди за производство – посочи градоначалникот Тони Коњановски.

„ Заложбите за економски напредок на Битола стануваат реалност, а со поддршка на Владата посебно се фокусираме на напредокот и развојот на индустриската зона Жабени. Радува фактот што тука во последните години има неколку инвестиции, а на седум јавни наддавања купени се над 20 локации. „Брејнчајлд“ работи за клиенти што месечно користат од 900 до 1.100 пакети производи, а главен производ е спортско крило за скијање на вода, кое го користат врвни спортисти. Среќен сум што се инвестира на вестинско место, на самата порта на Европа, во Битола“, нагласи Коњановски.