Почна да се реализира проектот пречистителна станица за отпадни води во Битола

Општина Битола информира дека денеска почнал со реализација проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во тој град.
Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската администрација, градоначалникот Тони Коњановски, посочи дека овој стратешки еколошки проект е многу значаен чекор кон заштитата на животната средина.
-Основната цел на проектот е да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на комунални отпадни води, во согласност со директивата за третман на отпадни води и националниот закон. Со помош на ЕУ, се гради одржлив систем за отпадни води за идните генерации, преку инвестирање во чиста вода и зелени решенија што ќе обликуваат поздрава и поодржлива иднина, истакна Коњановски.
Според договорот, времетраењето на градба, пречистителната станица за отпадни води во Битола треба да биде во функција за две години, информираа попладнево од тамошната локална самоуправа.