Почина пронаоѓачот на технологијата Гор-текс


Хемискиот инженер Роберт В. Гор, кој го измисли материјалот Гор-текс додека работеше во компанијата на неговиот татко Вилијам, во САД, почина на 83-годишна возраст.

Пуштена во продажба 1976 година, оваа водоотпорна ткаенина набргу стана хит кај рекреативците тркачи и љубители на спортот на влажни временски услови.

Горе почина како извршен директор на компанијата „Даблју-Ел Гор“ (WL Gore & Associates). Смртта на славниот пронаоѓач настапила во четвртокот по долго боледување.

Меѓу другото, Гор-текс денес се користи и во производството на медицински помагала, потоа – за жици за гитара, вселенски одела и вакуумски ќеси.