Почина последната близначка од славната канадска петорка
Анет Дион, последната преживеана сестра од познатата канадска петорка Дион, почина на 91-годишна возраст, соопшти музејот Dionne Quints Home.
Петте идентични сестри, родени во Онтарио во 1934 година, на врвот на Големата депресија, беа првата позната петорка што го прежиева раното детство. Додека беа деца, близначките брзо станаа глобална сензација, глумејќи во играни филмови, појавувајќи се на насловните страници на списанија и промовирајќи производи од паста за заби до јаворов сируп.
„Анет беше поборничка на правата на децата“, се вели во соопштението на музејот во кое се објавува нејзината смрт, според Би-би-си.

Петoрката – Анет, Ивон, Сесил, Емили и Мари – биле одземени од своите родители како бебиња од страна на властите во Онтарио. Со години, тие биле изложувани во комплексот наречен Квинтленд, кој станал популарна туристичка атракција.
Децата биле подложени на постојани прегледи и набљудување, со ограничен контакт со нивните родители и браќа и сестри. На родителите подоцна им било вратено старателството над петорката.
Како возрасни, Анет, Сесил и Ивон ја тужеле владата на Онтарио поради начинот на кој биле третирани кога биле деца. Во 1998 година, постигнаа спогодба вредна речиси 3 милиони канадски долари.
Анет беше последната преживеана од 14-те деца на семејството Дион, според музејот. Пред смртта на Анет и Сесил оваа година, Емили починала во 1954 година, Мари во 1970 година и Ивон во 2001 година.