Почина главниот донатор на Доналд Трамп
Главниот донатор на претседателот на САД, Доналд Трамп, казино магнатот Шелдон Олдерсон, почина во понеделникот на возраст од 88 години.
Неговата сопруга Миријам Олдерсон рече дека директорот на Лас Вегас Сендс и извршен директор, починал од компликации настанати поради долгогодишна болест, пренесе Гардијан.
„Оваа болка е неиздржлива, со жалење морам да соопштам дека мојот сопруг почина“, рече госпоѓата Олдерсон.
Таа го нарече својот спруг „американски патриот, воен ветеран, кој безрезервно давал на повредените војници кога и да можел и секогаш гледал како САД напредуваат“.