Почина еден од повредените полицајци кај Капитол, напаѓачот убиен


Зградата на Конгресот во САД во Вашингтон, беше затворена во 15 часот по локално време поради безбедносни закани.

Службеник го застрелал напаѓачот кој со возило се забил во оградата и излегол од возилото со нож во рацете.

Осомниченииот беше превезен во болница. Прво беше јавено дека е во свесна состојба и во притвор, но подоцна соопштија дека починал.

Во нападот беа повредени двајца полицајци, на кои им е пружена лекарска помош, но еден од нив починал откако бил избоден со нож.

Полицијата во соопштение наведе дека ова е втор смртен случај оваа година во текот на вршење должност на полицијата во Капитол. Полицаецот Брајан Д. Сикник, почина еден ден по нередите во Капитол на 6 јануари. Двајца полицајци извршија самобиство откако беа ангажирани во смирување на бунтот.

Роберт Конти, вршител на должност шеф на полициската управа рече дека денешниот напад близу Капитол, веројатно не е поврзан со тероризам.

„Се чини дека тоа не е поврзано со тероризам. Но, ќе продолжиме со истрагата за да провериме дали има поврзаност во таа смисла“, рече тој.

Полицијата соопшти дека безбедносната закана на Капитол е готова и дека зградите на Конгресот сега се отворени.

За случувањата од претходно прочитајте овде.