Почина еден од бранителите на „Азовстал“, шест месеци беше во заробеништво на Русите
Почина Олех Мудрак, командант на Првиот баталјон на полковништвото Азов, потврди неговиот внук Данило на својот Инстаграм.
Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво, преживеа екслозија во логорот за воени заробеници „Оленивка“. Од руското заробеништво беше пуштен во септември лани. Неговиот внук не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“.
Олех Мудрак го бранеше Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоките битки за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари лани. Руските сили го заробија откако украинските сили го напуштија „Азовастал“, а во септември беше вратен во Украина при размена на заробеници.
Припадниците на Азов повеќе од два месеци го бранеа Мариупол
Тоа беше голена размена во која прокремљски ориентираниот украински опозициски политичар Виктор Медведчук заменет е за 200 украински затвореници.
„Прво ни беше понудено да вратиме 50 наши луше во замена за еден од оние во притворскиот центар на Службата за безбедност на Украина. Разговаравме. Бројот од 50 нарасна на 200“, рече тогаш Зеленски.
За потсетување, припадниците на полковништвото Азов и други трупи се предадоа во мај минатата година откако повеќе од два месеца ги држеа положбите во големата челичарница „Азовстал“ и го бранеа Мариупол, важен приморски град на југот на Украина. Рускиот режим го користеше полковништвото Азов поради врските со крајноата десница како едно од оправдувањата за покренување на инвазијата на Украина.
Веста за неговата смрт на Твитер ја објави и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко. Изрази сочувство и приложи фотографиј која го прикажува Мудрак пред и по руското заробеништво.
Oleh Mudrak, commander of Azov's 1st Battalion, defended Azovstal. Then he went through 6 months of Russian captivity.
Today his heart stopped beating. His nephew wrote: "Oleh lit up the hearts of everyone around him."
RIP, Hero.
Photos: before and in Russian captivity. pic.twitter.com/jPVDB9JqZ7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 22, 2023
На слобода пуштени десетици бранители на „Азовстал“
Уктаина пред неколку дена соопшти дека 100 украински војници и еден цивил се вратени во Украина во рамки на размената на заробеници со Русија.
„Продолжуваме да враќаме Украинци од заробеништво. Денес 100 наши војници и еден цивил одат дома“, напиша шефот на Канцеларијата на претседателот на Украина, Андриј Јермак во објава на Телеграм.