Почина Бенџамин Ротшилд, челник на компанија која управува со имот вреден 160 милијарди евра


 

Од срцев удар во 57 година од животот почина Бенџамин Ротшилд, кој беше на чело на семејната компанија позната ширум светот.

Ротшилд почина денеска во својата куќа во Швајцарија, соопштија од компанијата која ја водеше „Едмонд де Ротшилд Груп“.

Управувањето на компанијата го презеде во 1997 година, кога имаше 34 години, а ја основа неговиот татко во 1953 година. Откако го презеде управувањето почна да се занимава и со добротворна работа.

Беше стручњак за финансирање и иновации, а се смета за личност кој секогаш настојувал максимално да ги искористи своите способноси и ресурси.

Компанијата се занимава со банкарство, управува со имоти и капитал на меѓународни клиенти и организации. Има 32 канцеларии ширум светот за кои се претпоставува дека управуваат со имот вреден 160 милијарди евра. Компанијата вработува 2.600 работници, пренесе „Ерусалим пост“.