Почина актерката Тања Робертс, по забуната дали е мртва или хоспитализирана
САД- Актерката Тања Робертс, која играше со Роџер Мур во филмот со Џемс Бонд „A View to a Kill“ почина во болница откако претходно беше прогласена за мртва додека се бореше за својот живот. Веста за „Њујорк Тајмс“ ја потврди нејзиниот партнер во изминативе 15 години, Ленс О Брајен.
Робертс беше хоспитализирана откако паднала во нејзиниот дом. Нејзиниот публицист, Мајк Пингел, по грешка ја пријави 65-годишната актерка за мртва вчера, што наведе многу светски медиуми да објавуваат стории во кои се вели дека таа починала. Пингел подоцна за Асошиетед прес изјави дека Робертс сè уште бил жива од 10 часот во Калифорнија, но била во лоша состојба.