По рак на дојка, рак на кожа: Сара Фергусон откри дека се бори со нови здраствени проблеми


Само неколку месеци по борбата со ракот на дојката, на Сара Фергусон, поранешната снаа на британскиот крал Чарлс, и беше дијагностициран рак на кожата. На војвотката од Јорк и беа отстранети неколку бенки од телото, од кои еден од тестовите оттогаш покажа дека е малигнен меланом, најсериозниот вид на рак на кожата. Поранешната сопруга на озлогласениот принц Ендру, според сведочењето на пријателите, доста добро се справува со не толку добрите вести, особено откако доживеа слични стравови пред само неполна година. Минатото лето помина низ тешки терапии и реконструкција на градите, за кои јавно проговори, па реши да не ја крие ниту оваа нова дијагноза.

Меланомот е вид на рак на кожа кој може да се прошири на други делови од телото, најчесто предизвикан од изложување на ултравиолетова светлина од сонцето или солариумите, а луѓето со посветла кожа и коса, со повеќе бенки и семејна историја на рак на кожа се повеќе склони кон тоа. По принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која се опоравува по планираната абдоминална процедура и кралот Чарлс, кој се опоравува од операција на зголемена проста, таа е третиот член од кралското семејство која има здравствени проблеми.

Јасно е дека друга дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојка беше малку вознемирувачка, но Сара останува во добро расположение. Откако се разведе од принцот Ендру, соочена со банкрот и рак на дојка, Сара не се откажа.

Со ќерката Беатрис и зетот на традиционалната божиќна миса и ручек со членовите на кралското семејство
Со екссопругот, принцот Ендру

Покрај тоа што повторно живее со својот поранешен сопруг, пишува романтични романи и повремено споделува совети за врска, таа неодамна влезе во историјата кога присуствуваше на традиционалната божиќна миса и ручек со членовите на кралското семејство. Така таа стана првата поранешна сопруга која е поканета на собир на кралското семејство како полноправна членка. Во тоа време со неа биле и нејзините ќерки принцезата Евгенија и принцезата Беатрис, внуки на кралицата Елизабета Втора. и внуките на кралот Чарлс кои им довериле повеќе кралски должности.