По Бредли Купер, Бред Пит: Зошто Лејди Гага глуми со најубавите актери?

САД- Иако ниту поп-sвездата, ниту славниот актер се уште не го потврдиле тоа, американските медиуми наведуваат дека Лејди Гага ќе снима филм со Бред Пит, наречен „Bullet Train“, базиран на јапонска мистериозна приказна.
По големиот успех на филмот „A Star is Born“, во кој Лејди Гага ја имаше главната улога заедно со Бредли Купер, наводно пристигнала друга филмска понуда за поп-sвездата.
Бредли Купер, за кого филмот „Ѕвездата е родена“ е режисерско деби, рече дека веднаш се „вклопиле“ со поп-ѕвездата.
„Ќе излажам ако кажам дека не бев загрижен, кога ќе видиш како изведувач од овој калибар се однесува со тебе како еднаков, тоа те прави посилен“, призна тој.
Леди Гага и Бредли Купер се ко-автори на песните и пеат во филмот. Бредли Купер земал лекции по гитара, пијано и пеење за да се подготви за улогата. За песната „Shallow“ од филмот, Гага лани освои Оскар.
Леди Гага ја освои наградата „Златен глобус“ во 2016 година за нејзината главна улога во „American Horror Story“.