По Битола и Велес- концертна промоција на новиот албум на Никола Мицевски во Филхармонија
Албумот “NEW ERA” доаѓа во Скопје. После успешните концерти одржани во Битола и Велес, скопската публика ќе има шанса да ужива во мултимедијалното музичко патување на Никола Мицевски во Македонската Филхармонија, во организација на „Авалон“, – во богата формација, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд составен од 50 академски музичари.
Албумот “NEW ERA” претставува симбиоза на традиционални и модерни мелодии во фузија со џез, фанк и електронска музика; едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното на маестро Мицевски и солистичките инструменти.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (22 февруари) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија по следните цени и категории: 700 денари и ВИП – 1.000 денари.
Мицевски е автор на сите десет песни од албумот на Каролина Гочева, „Извор“, и автор на сите хитови од претходниот нејзин албум „Македонско девојче 2“. Композиторот и музичар Никола Мицевски е заслужен за успешната обработка во новите аранжмани на песните на „Некст тајм“, „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“. Искусен и во областа на класичната и поп-музика, паралелно работи и на проекти и со групите „Етносфера“ и „Фонтана“.