„Пласибо“ доаѓаат во Скопје следната година, вели „Авалон“


После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција  го потврди доаѓањето на PLACEBO, на 16 јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје. 

-Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент- соопштија од „Авалон“.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15 октомври во 09 часот наутро по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1500 денари

ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.