И Пламен Николов се повлекува, нема да биде мандатар за пропаднатата бугарска влада


Пламен Николов

Мандатарот за состав на валда на Бугарија, Пламен Николов  од партијата „Има таков народ, утре ќе ја повлече кандидатурата.Николов за БТА изјави дека тоа ќе го стори од лични причини и за тоа нема законски пречки.

Претходно денеска, водачот на ИТН, Слави Трифонов изјави дека нема да го достави на гласање предлог -кабинетот со премиер Пламен Николов, а од „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!” објавија дека нема да го поддржат предлог -кабинетот.

„Одиме на нови избори.Направивме сè што беше во нашата моќ. Ги направивме сите компромиси кон таканаречените ‘протестни партии‘ за да ја поддржат владата на Има таков народ како прва политичка сила во државата. Направивме сè што беше во нашата моќ да го смириме народот и да имаме влада, но тоа нема да се случи поради предавството на Демократска Бугарија и Исправи се БГ“, кажа Трифонов.

Сега следната следната политичка сила што треба да проба да направи влада е ГЕРБ  на Бојко Борисов. Ако не успее, претседателот румен Радев ќе биде принуден да го направи последниот потег – да го предаде мандатот на политички субјект по негов избор. Според бугарските аналитичари, најверојатно тоа ќе биде БСП и ако навистина се, тие ќе го предложат службениот кабинет како редовен. Доколку привремениот кабинет не ја собере потребната поддршка, вторите предвремени парламентарни избори ќе се одржат наесен.

На прашањето зошто бугарските партии масовно ја повлекоа поддршката од ИТНбугарски аналитичари оценуваат дека тоа се должи на фактот дека Слави Трифонов не е личност која бара согласност.

„Некако одлучи да игра многу индивидуално, не сакаше да почитува никого освен себе. Тој се обидуваше да наметне бројки што се покажаа како несоодветни и не се прифатени. Таквиот индивидуалист тешко може да успее “, убеден е Огњан Герџиков. Тој смета дека на идните избори сигурно ќе има одлив на гласови од ИТН и двете шанси што досега ги доби партијата на Трифонов нема да се повторат.

Бугарија одржа нови избори во јули откако ниедна од партиите не успеа да состави влада по гласањето во април, кога дотогаш владејачката ГЕРБ славеше со мало мнозинство.