Питер Арнет, прославениот воен репортер, почина на 91 година
Новинарот добитникот на Пулицерова награда и воен дописник, Питер Арнет, почина на 91-годишна возраст, објавија американските медиуми.
Арнет ја освои меѓународната награда за новинарство во 1996 година за неговото известување за Виетнамската војна во Асошиетед прес (АП). Но, тој беше исто така познат по својата работа во Си-Ен-Ен, станувајќи познато име додека известуваше за првата Заливска војна.
Неговата кариера траеше децении и опфаќаше неколку конфликти во земји, вклучувајќи ги Ирак, Виетнам и Ел Салвадор.
Новинарот роден во Нов Зеланд почина во среда опкружен со семејство и пријатели во Калифорнија, изјави неговиот син за новинарите. Тој добиваше хоспис нега за рак на простата.
Арнет прво работеше за АП како дописник за телеграфски услуги во Виетнам, од 1962 година до крајот на војната во 1975 година, честопати придружувајќи ги војниците на мисии.
Во еден разговор во 2013 година, тој се сети на моментот кога беше сведок на застрелан војник во Виетнам додека застана да прочита мапа.
„Додека полковникот ѕиркаше во него, слушнав четири гласни истрели додека куршумите ја кинеа мапата и му ги вкрстуваа градите, на неколку сантиметри од моето лице“, изјави Арнет за Американското здружение на библиотеки.
„Се струполи на земја пред моите нозе“.
Новинарот го напушти АП во 1981 година за да се приклучи на американскиот медиум Си-Ен-Ен, каде што подоцна стана познат по својата работа на првата Заливска војна.
Според АП, тој бил еден од ретките западни новинари што останале во Багдад, а едно од неговите први емитувања од градот било прекинато од звуците на ракети и сирени за воздушен напад.
„Имаше експлозија токму во моја близина, можеби сте слушнале“, еднаш извика тој во живо во етер.

Додека беше во Ирак, го интервјуирашел тогашниот претседател Садам Хусеин. Пишувајќи за искуството, Арнет рече дека решил да биде „строг во своите испрашувања колку што дозволувала ситуацијата“.
Тој продолжил „Не ме исплашила можноста да се сретнам со човекот што многумина го нарекуваа ‘Касапот од Багдад’. Претпоставував дека не може да ми направи ништо полошо од она што се закануваше да го направи постојаното бомбардирање на Багдад“.
Во 1997 година, Арнет стана првиот западен новинар кој го интервјуираше Осама бин Ладен во тајно скривалиште во Авганистан, неколку години пред нападите на 11 септември 2001 година врз САД.
Според неколку извештаи во американските медиуми, кога бил прашан за неговите планови, Бин Ладен му рекол на Арнет: „Ќе ги видите и ќе чуете за нив во медиумите, ако даде бог“.
Арнет подоцна работеше за Ен-Би-Си и стана познат по тоа што беше отпуштен од радиодифузерот откако даде интервју на ирачката државна телевизија, за кое беше оценет како критичар на американската воена стратегија.
Неколку часа подоцна бил вработен од „Дејли мирор“ и рече дека е „во шок“ од неговото отпуштање.
„Ја објавувам вистината за тоа што се случува тука во Багдад и нема да се извинувам за тоа“, напиша тој во британскиот весник.
Роден во 1934 година во Ривертон, Нов Зеланд, Арнет подоцна се натурализирал како американски државјанин и живеел во јужна Калифорнија од 2014 година.