Пијани туристи заспале на Ајфеловата кула, утрото биле евакуирани со кран
Двајца американски туристи биле заклучени на Ајфеловата кула во Париз. Причината е што се опијаниле и заспале, пренесува BBC повикувајќи се на податоци на француското обвинителство.
Двајцата мажи биле пронајдени од обезбедувањето во раните утрински часови. Тие се искачиле на кулата околу 22.40 часот во неделата, но не можеле да се симнат на време. Туристите прескокнале некои од безбедносните бариери, но не можеле да излезат и биле „заглавени“ во област која вообичаено е затворена за посетители – помеѓу второто и третото ниво на кулата.
Специјализирана противпожарна екипа за спасување луѓе од високите катови на зградите била испратена да ги извлече, јавува и агенцијата АП. Ова, исто така, доведе до подоцнежно отворање на објектот за посети – обично е во 9 часот наутро.
Пијаните американски туристи веќе биле испрашувани од полицијата во Париз и ослободени, а Сет, компанијата која управува со Ајфеловата кула, вели дека ќе поднесе жалба и најверојатно ќе ги казни прекршителите.
Инцидентот се случи неколку дена откако кулата беше затворена поради две закани за бомби. Тогаш Сет бил принуден да ги евакуира посетителите. Француската полиција покрена истрага за заканите, додека се уште се трага по виновниците.
Ајфеловата кула е изградена во 1880 година и е висока 300 метри. Минатата година привлече околу 5,8 милиони посетители.
Ова лето имаше повеќе туристички бисери низ Европа, а најголемо внимание привлекоа информациите за младиот пар што си ги изгравираа имињата на Колосеумот и туристката што пред два дена влезе во фонтаната Ди Треви за да си наполни шише со вода таа е уметничко дело.