Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи.

Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршување на настанот по обратен редослед.