Петмина тешко ранети во пукање во Луизијана


 

Пет луѓе заврија во болница откако беа тешко ранети во пукање во продавница за алкохол во Шревепорт во Луизијана, САД, јави во неделата вечерта Ка-ес-ел-еј, телевизискиот канал придружен на Си-би-ес.

Засега не е познато кој е одговорен за пукањето. Властите наведоа дека меѓу оние кои се пренесени во болница има и такви кои се борат за живот.

Четири лица биле надвор од продавницата во авенијата „Харне“ во Шревепорт, додека едно лице било во продавницата кога се случило пукањето, се наведува во извештајот.

Единаесет полициски единици стигнале на местото на инцидентот до кој дошло околу 21 часот по локално време во неделата.