Петгодишното дете, единствениот преживеан во падот на гондолата, се разбудило во болница
Петгодишниот Еитан Биран, единствениот преживеан од несреќата на жичарницата во северна Италија во која загинаа 14 лица оваа недела, се разбуди три дена по катастрофата.
Биран бил под седативи во Торино и останува во сериозна состојба.
Неговите родители и братчето загинаа во несреќата. Според израелските медиуми, неговата тетка била со него кога се разбудило.