Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк?
Во Детската болница во Нови Сад вчера се примени шест деца, а пет од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика.
Според српските портали, постои сомнеж за труење со хлор во водениот парк.
Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми. Nova.rs споменува иритација на очите, кашлица, печење во носот.
Едно дете е пуштено на домашно лекување.
Од новосадската полиција потврдија дека е добиена пријава за труење со хлор, но не откриваат детали.