Пензионерите за јануари зедоа 10 денари пониска пензија


Фото: Б. Грданоски

Пензионерите за јануари зедоа 10 денари пониска пензија, а дел од нив кои ја забележаа разликата се прашуваат зошто е тоа така. 

Десет денари и не е некоја голема сума, но ако се знае дека во Македонија има нешто над 340.000 пензионери, тогаш се собираат над 50.000 евра.

Како што појаснуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, тие пари одат во Солидарниот фонд, кој пак служи за посмртна помош за пензионерите.

„Ве известуваме дека делот за задршка за солидарен фонд е зголемен за 10 дена, бидејки е зголемена финасиката помош“, ни рекоа од ПИОМ, на прашањето на „Независен“.

На страницата на Сојузот на пензионери пак стои дека: „Oдборот на Регистрираната организација за солидарен фонд – посмртна помош и членарина на својата седница донесе одлука висината на задршката за солидарен фонд – посмртна помош да изнесува 150 денари за период од 1 јануари до 30 јуни 2026  година, а висината на исплатата на посмртната помош наместо 35.000 да изнесува 40.000 денари од 1 јануари до 30 јуни 2026 година“. (Б.Б,.)