Пендаровски: За европска иднина, напред заедно


Заедно да одиме напред, независно од вера и нација, независно од тоа дали се работи за помлади или повозрасни. Заедно да овозможиме нови перспективи за вас, младите, за образование, пракса, патување, школување, работа.Ова денеска го порача кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски, кој учествуваше на отворената младинска трибина „Get up, stand up“.

– Позитивните промени секаде ги носат младите генерации. Без млади на улиците ние не можевме да го срушиме режимот на Груевски со пенкало. Првпат во историјата на нашата татковина младите излегоа на улица, благодарение на вас младите успеавме да срушиме автократски режим на избори и без насилство. Благодарение на младите оваа земја тргна напред. Сега е важно да продолжиме. Гледаме раст на странските инвестиции, гледаме ефекти од гаранција за млади и вработени 1.800 ваши врсници во само три општини, младите имаат шанси, отворени перспективи, ајде заедно да ги искористиме. Интеграцијата дефинитивно носи најмногу придобвки пред се за младите, рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека гласот за концептот што го предводи тој, за напредок, за членството во ЕУ и НАТО, е глас за отворање на повеќе можности за младите луѓе за европска иднина.