Пендаровски: Преку ноќ станав популарен кај девојките во младоста

Откако почнав да се занимавам со политика, преку ноќ им станав поубав на девојките, сподели кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и останати триесетина партии, Стево Пендаровски.
Тој во гостувањето на емисијата “Еден на еден”, одговараше на неполитички прашања поврзани со приватниот живот.
– Во 1996 година за првпат се појавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот. За жал, тогаш нагло станав популарен кај девојките – одговори Пендаровски на прашања поврзани со неговата младост.
Претходно, на вакви прашања одговараше и противкандидатката Гордана Силјаноска Давкова.
Пендаровски читаше и хумористични твитови поврзани со него.
– Лесно е да ја гураш Македонија напред, кога веќе поседуваш југо -, беше еден од твитовите.