Пецаков ќе добие кривична пријава, бил на Водици место во самоизолација


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ќе добие кривична пријава оти утрото на Водици направил корона-тест и наместо да го почека резултатот во самоизолација, учествувал на одбележувањето на верскиот празник, а потоа добил и позитивен резултат.Откако за ова се дознало во Охрид,  граѓаните распаметени барале термини за тестирање.
 
Пецаков, во изјава за порталот вели дека немал никакви симптоми, а се тестирал заради патување во Банско. Вчера го повторил тестот и добил негативен резултат.