Патот на Украина кон ЕУ ќе биде тежок и со и без пречките од Унгарија

Војната на Русија во Украина го направи членството во Унијата уште поатрактивно за про-западно ориентираните Украинци


Високи претставници на Европската унија кои ја посетија Украина, упатија строга порака на Киев дека има уште многу работа да направи за да обезбеди членство, пренесува „Ројтерс“.

Украина има потреба од поддршка од сите 27 земји членки на ЕУ за да стане дел од Унијата, но Будимпешта го блокира преминувањето во следната фаза на преговорите за членство, наведувајќи загриженост за правата на употреба на јазикот на етничките Унгарци.

Како што се наведува, ставот на Унгарија ги фрустрира останатите членки на ЕУ, па комесарката за проширување на Унијата, Марта Кос, минатата недела ја предводеше дипломатската офанзива во Украина, каде се сретна со унгарското малцинство на западот од земјата во обид да ги ублажи тензиите.

За многу луѓе во Украина, можноста за членство во ЕУ е надеж за просперитетна иднина, повеќе од три децении по стекнувањето независност од Советскиот Сојуз.

Војната на Русија во Украина го направи членството во Унијата уште поатрактивно за про-западно ориентираните Украинци.