Партиски набљудувач бил спречен да влезе на избирачко место во Сарај


Фото: Б. Грданоски

Во село Бојане, општина Сарај бил истепан набљудувач на опозициска албанска партија од активисти на двете најголеми владејачки партии.Според изворите на некои  медиуми, во Бојане е прекинато гласањето.

За инцидентот од МВР велат дека околу 16 часот било пријавено дека на избирачко место во с.Бојане, Сарај набљудувач Р.Д. сакал да влезе на избирачко место, но тоа не му било дозволено од избирачкиот одбор, односно бил спречен од членови на избирачкиот одбор да присуствува на гласачкото место. Од МВР тврдат дека гласањето не е прекинато, а полициски службеници се упатени на местото на настанот за расчистување на случајот.

Настанот беше повод за некои медиуми наклонети на опозицијата да тврдат дека се подготвува полнење на гласачките кутии во Сарај.