Парите за влезниците од Skopje Sounds Good и Skopje Calling ќе се рефундираат од понеделник

Откако поради трагедијата во Ковид- центарот во Тетово беа откажани Skopje Sounds Good и Skopje Calling, организаторите „Авалон продукција“, соопштија дека парите за влезниците на сите оние кои купиле ќе им бидат вратени од понеделник до петок.
– Прво би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово.
Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо.
Второ, се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота (Skopje Calling) се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија – велат од Авалон.
Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09), соопштуваат од таму.