Парфемот се става на точките каде што се мери пулс, а млекото го фиксира – дополнителен трик да мирисате прекрасно цел ден


Веројатно барем еднаш ви се случило да ве препознаат по парфемот или нотата што ја мирисате да ги поврзува другите со вас, но и со одредени настани и ситуации.

Парфемот често не прави препознатливи, а сите сакаме мирисот да остане на нашата кожа што подолго, па затоа не е лоша идејата да знаете одредени трикови.

Пред се, парфемот треба да се нанесува на гола кожа, а не по облекувањето. Многу е важно да ги „таргетирате“ пулсните точки и затоа најдобро е парфемот да го нанесувате на внатрешната страна на лактите, на внатрешната страна на колената, на градите и на страните на вратот. Тоа се делови од телото кои се природно топли и влажни, а топлината на телото ќе го активира нанесениот мирис во текот на денот како природен дифузер.

Дополнителен трик е да нанесете хидратантно млеко за тело. По туширање и добро сушење, нанесете хидратантен лосион на телото, а кога кожата ќе го впие, испрскајте парфем. Парфемот многу подобро ќе се врзе и ќе трае подолго на кожата која е хидрирана, мека и мазна.

Дневните и вечерните парфеми се нанесуваат на различни начини – вечерните парфеми траат помалку и најдобро се нанесуваат на или во близина на вратот. Од друга страна, парфемите за дневната верзија постепено ги ослободуваат мирисите, па затоа се советува да ги ставате на места како колковите или колената, бидејќи така мирисот ќе биде изедначен и не премногу силен.

Кога нанесувате парфем, секогаш треба да го држите на околу 20 сантиметри од телото и не треба да го втривате во кожата.

Она што често ги загрижува и дамите и посилниот пол се непријатните мириси на кои сме изложени во текот на денот, а кои често се мешаат со парфем – како оние од кујната, но и непријатниот мирис кој се задржува по пушењето цигари.