Пандемијата го сопре туризмот во Непал: Бројот на носорози најголем во последните 20 години


Непалската популација на еднороги носорози достигна највисок број во последните повеќе од 20 години, а еден од важните фактори е сопирањето на туризмот поради пандемијата од корона вирус, што овозможи регенерација на живеалиштата на овие животни.

Популацијата на носорози во четири пакрови во Непал зголемена е на 752, додека во 2015 година имаше 645. Од 2.000 година досега, ниту еднаш не се избројани повеќе од 650.

Животните биле рачно избројани, откако бил поделен паркот каде живеат на помали региони. Процесот траел три недели.

Зголемувањето на бројот носорози е резултат на неколку промени меѓу кои и инвестирањето во управувањето со засолништети, заштита на животните и сопирањето на туризмот поради пандемијата.

Во Индија и во Непал преостанаа помалку од 2.200 еднороги носорози, кои се сметаат за загрозен вид. Во Бангладеш и во Бутан се истребени, а мета се на криволовци кои ги користат во традиоционалната медицина, иако за тоа нема научни докази дека имаат некаков ефект.