Пандемијата го менува светот: Пингвини шетаат низ празните улици во Кејптаун


Новиот документарен филм на ТВ Епл „The Year Earth Changed” истражува како природата одговори на пандемијата од корона вирус, која е во тек, а објавен е исечок на Јутуб кој прикажува пингвини како се шетаат по улиците на Кејптаун во текот на забраната за движење.

Видеото ги прикажува африканските пингвини како излегуваат на улица во ЈАР, откако главниот град остана без луѓе поради затворањето.

 

Снимката ги прикажува овие птици како се провлекуваат низ затоврените кафулиња и тивките населби, уживајќи во слободата.

Туристите вообичаено доаѓаат во Кејптаун за да ги видат овие птици, но можно е да се видат само покрај водата. Пред пандемијата, пингвините најчесто ја чекаа ноќта за да се движат, додека забраната за движење на луѓето во пандемијата им овозможи да талкаат сред ден.

Како резултат на затворањето на Кејп Таун возрасните пингвини успеаја да соберат повеќе храна за своите млади, и да одгледаат повеќе младенчиња поради новиот пристап до ресурси.