Паднаа Јутјуб, Џимеил и Гугл


Услугите на Гугл денеска кусо време не беа достапни и тоа влијаеше на голем број корисници.

Меѓу услугите што беа нарушени се – Gmail, пребарувачот Google, YouTube и Google Maps.

Најновиот прекин, се чини дека беше поинтензивен од последниот.

Downdetector, веб-страницата што следи прекини на веб-страници, објави над 20.000 случаи на прекини во целиот свет.

Сепак, од оние кои пријавиле проблеми со YouTube, 54 отсто рекле дека не можат да пристапат до веб-страницата, 42 отсто не можат да гледаат видеа и три отсто тешко се најавуваат за пристап на страниците.

И од оние кои пријавиле проблеми со Gmail, 75 отсто не можеле да се најават, 15 отсто не можат да пристапат на веб-страницата.